Достапни линкови

Медведев го посети местото на авионската несреќа


Рускиот претседател Дмитриј Медведев

Рускиот претседател Дмитриј Медведев

Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска упати критики за воздухопловната безбедност во Русија и побара темелна истрага за авионската несреќа во која загинаа 43 луѓе, главно членови на руската хокеарска екипа Локомотива Јарослав. Медведев ова го изјави на местото на несреќата која ја преживеале двајца играчи, но кои се уште се во критична состојба. Претседателот на светската хокејска федерација Рене Фасел оцени дека вчерашната несреќа претставува најцрн ден за хокејот. Имено, меѓу загинатите имало хокеари од Русија, Белорусија, Чешка, Словачка, Канада и Шведска. Авионот се урна веднаш по полетувањето од Јарослав кон белорускиот главен град Минск. Агенцијата Интерфакс јави дека авионот по полетувањето удрил во една антена во близина на пистата.
XS
SM
MD
LG