Достапни линкови

Мун: итна реакција за климатските промени


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска во Сиднеј укажа на потребата од итна реакција во врска со климатските промени. Тие, како што оцени, довеле до глад на Рогот на Африка и до катастрофалните поплави на североистокот на Австралија. Бан Ки Мун ги критикуваше оние што сметаат дека климатските промени не постојат, додавајќи дека тие биле научно докажани. Во ноември годинава во Јужна Африка ќе се одржи самит на кој делегации на 193 земји ќе се обидат да постигнат глобална спогодба за ограничување на испуштањето штетни гасови кои во атмосферата предизвикуваат ефект на стаклена градина.
XS
SM
MD
LG