Достапни линкови

Богатите земји членки на Европската унија се изморени од помагање на оние другите кои имаат финансиски проблеми. Но, дали тоа ќе води до поголема економска и политичка интеграција во Европа?

Како што еврото се бори за опстанок по должничките кризи во Грција, Италија и Шпанија, проблемите на ова валута се претворија во масовна криза на идентитетот за Европската унија.

Со години, економистите предупредуваа дека давањето на земјите единствена валута без единствена фискална политика е ризик како кога на голема група луѓе ќе им се даде да користат заедничка кредитна картичка. Скоро е сигурно дека некој ќе ја злоупотреби и ќе ги остави другите да ги платат неговите долгови.

Всушност, тоа е она што се случи со еврото и 17 земји од еврозоната. Значи не е никакво изненадување што лидерите од поштедливите држави како Германија и Франција денес се бесни на расипничките партнери и сакаат поголема контрола на нивното однесување.

Но каков вид на контрола? Вообичаено повиците за контрола се во форма на економски реформи на фискално слабите економии доколку тие сакаат да добијат помош од Европската унија.
Европа мора да избере: да продолжи по патот кон поголема економска и политичка интеграција или да признае дека еврото е пропаднат експеримент и да им се врати на националните валути.

„Пактот за стабилност и развој и е неопходен на еврозоната. Ние немаме политичка или пак монетарна федерација. Затоа ни треба многу строг преглед на рамките во кои функционираат буџетските политики“, изјави деновиве претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише.

Но, ваквите повици за фискална одговорност се придружени со барања за некаков вид потесна економска и политичка интеграција која ќе ја води Европската унија кон своевидна супердржава.
Претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише.
x
Претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише.

Трише веќе спомнува сојузна европска влада со сојузно министерство за финансии кое ќе има моќ да спроведува одлуки во земјите членки чии политики се закана за другите во еврозоната. Сличен повик дојде и од собирот на екс-европските лидери одржан во Брисел.

Засега станува збор само за повици. Актуелните евролидери се воздржани и остануваат на почитување на суверенитетот на одделните држави.

Тие, како францускиот претседател Никола Саркози, се противат и на некое пониско ниво на заедништво како например издавање еврообврзници.
Создавање еврообврзници во основа значи дека вие им давате пристап на другите земји до вашите даночни обврзници. Во однос на суверенитот тоа е значајно, бидејќи даноците се основа за богатството на една земја. Значи ако другите трошат повеќе, тогаш плаќате и вие, што е неприфатливо.

„Обврзниците може да се замислат на крајот на евроинтегративниот процес, не на почетокот“, вели Саркози.

Економистот Жан Писани Фери од Брисел вака ги објаснува обврзниците.

„Создавање еврообврзници во основа значи дека вие им давате пристап на другите земји до вашите даночни обврзници. Во однос на суверенитот тоа е значајно, бидејќи даноците се основа за богатството на една земја. Значи ако другите трошат повеќе, тогаш плаќате и вие, што е неприфатливо.“

Засега, бидејќи погрешно би било да се заклучи дека така ќе биде и во иднина. И покрај сите проблеми околу суверенитетот, тековната финансиска криза им покажа на сите држави како незапрливите фискални проблеми во една може да ги прескокнат границите и да зафатат некоја друга.

Во ваков случај, Европа мора да избере: да продолжи по патот кон поголема економска и политичка интеграција или да признае дека еврото е пропаднат експеримент и да им се врати на националните валути.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG