Достапни линкови

НАТО е прашање на иднината за Србија


Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац

Српскиот министер за одбрана Драган Шутановац

,,Придружувањето на Србија кон НАТО не е прашање за кус период, туку прашање на иднината,, изјави српскиот министер за одбрана Драган Шутановац во интервју за весникот Џејн Дифенс. ,,Јакнењето на европската безбедносна и одбранбена политика е во интерес на целиот свет, во интерес на Европската унија, а со самото тоа и во интерес на Србија,, оцени Шутановац додавајќи дека во овој момент на Србија „најважна и најблиска и е соработката со КФОР“ и оти Србија тие сили, распоредени на Косово, ги смета за партнери.
XS
SM
MD
LG