Достапни линкови

Сирија: судири меѓу полицијата и демонстрантите


Демонстрации во сиријскиот град Хомс

Демонстрации во сиријскиот град Хомс

Осуммина припадници на сиријските сили за безбедност загинале во судирите во Хомс, јави сиријската државна агенција Сана, додавајќи дека притоа биле убиени и петмина бунтовници. Агенцијата прецизира дека во текот на вчерашниот ден во Хомс војската се судрила со, како што се наведува, вооружени терористички групи кои напаѓале цивили и припадници на силите за безбедност. Сиријската канцеларија за човекови права, чие седиште е во Британија, соопшти дека во вчершаниот упад на војската во градот загинале над 20 луѓе. Од средината на март кога избувнаа протестите против режимот на претседателот Башар ал Асад досега, според Обединетите нации, загинале над 2 илјади и 200 демонстранти.
XS
SM
MD
LG