Достапни линкови

Гадафи демaнтира дека пребегал во Нигер


Поранешниот либиски лидер Момер Гадафи

Поранешниот либиски лидер Момер Гадафи

Поранешниот либиски лидер Момер Гадафи ги отфрли гласините дека ја напуштил Либија, порачувајќи дека никогаш нема да избега од земјата на своите предци. Во аудио снимка емитувана на телевизиската станица Алраи, Гадафи ја обвинил меѓународната заедница дека против него водел психолошка војна, објавувајќи дека тој пребегал во Нигер. Тој уште еднаш повторил дека НАТО ќе бил победен, а ги критикувал и новите либијски власти, оценувајќи дека станува збор за, како што изјавил, банда платеници и стаорци.
XS
SM
MD
LG