Достапни линкови

logo-print

Италијанскиот Горен дом ги одобри мерките за штедење


Горниот дом во Италија ги одобри владините мерки за штедење, со кои треба да се намали државниот дефицит за 54 милијарди евра во наредните три години. Предлогот е изгласан со 165 гласа за и 141 против, по претходното неколкунеделно препирање во парламентот.
Следен чекор е гласање во Долниот дом, каде што партијата на премиерот Силвио Берлускони исто така има мнозинтво. Европската централна банка бара да се воведат строги мерки за штедење со цел да се смират тензиите на пазарот. Банката минатиот месец купи италијански обврзници, за да и помогне на земјата да не биде следната членка на еврозоната на која ќе и биде потребна меѓународна финансиска помош.
XS
SM
MD
LG