Достапни линкови

Грчките лекари од денеска во дводневен штрајк


Протести во Грција

Протести во Грција

Грчките лекари од денеска стапуваат во дводневен штрајк поради најавените реформи во здравството. Лидерот на националната асоцијација на здраствени работиници соопшти дека штрајкот е само почеток и дека ќе следуваат поагресивни мерки.
Претходно министерот за здравство Андреас Ловердос изјави дека нема да бидат назначувани нови лекари во здравствените служби и дека можностите за нови именувања ќе се однесуваат на медицинските сестри, бидејќи има недосток од овој кадар. Здравствените работници најавија дека сите болници ќе работат со намален персонал за време на штрајкот, а ќе бидат прифаќани само посериозни случаи.
XS
SM
MD
LG