Достапни линкови

Грција ги олабавува законите за поседување дрога


Грција ќе ја декриминализира употребата и поседувањето на мали количества на сите видови наркотици. Ова синоќа го изјави министерот за правда Милтиадис Папајоану по изгласувањето на предлог-законот во Владата. Тој додаде дека грчкото законодавство треба да се хармонизира со европското, така што лице приведено со мала количина на дрога, ако е за сопствена употреба, нема да биде сметан за криминалец. „Малата количина“ ќе биде одредена во следните недели кога во Парламентот ќе се гласа за новиот предлог-законот. Грција е една од земјите со најстроги закони за поседување на дрога, а сторителот кој е фатен со дрога дури и за лична употреба може да биде осуден и до пет години затвор.
XS
SM
MD
LG