Достапни линкови

Бомбашки напад во Пакистан, 23 луѓе загинале


Најмалку 23 луѓе загинале при бомбашки напад во Пакистан. Двајца бомбаши- самоубици активирале експлозив во домот на висок воен офицер во југозападниот град Квета. Пакистанските Талибанци ја преземале одговорноста за нападот истакнувајќи дека тоа е одмазда за неодамнешното апсење на тројца членови на Ал Каеда. Првиот напаѓач ја активирал бомбата во автомобилот што бил паркиран пред куќата а потоа вториот ја активирал во внатрешноста на куќата. Воениот офицер преживеал, но меѓу загинатите има најмалку 8 воени лица.
XS
SM
MD
LG