Достапни линкови

Ердоган ќе ги посети Египет, Тунис и Либија


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ќе ги посети Египет, Тунис и Либија, земји кои се соочија со промени по соборувањето на нивните автократските режими.Турција ги поддржа барањата на народите во овие арапски држави за демократски промени. Анкара го повика сирискиот претседател Башар ал Асад да го прекине насилството врз демонстрантите и веднаш да започне со демократски реформи.Турција е заинтересирана за нормализирање на состојби во овие земји, посебно во Либија, затоа што турски фирми пред започнувањето на судирите имале бизниси во овие земји во вредост од 15 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG