Достапни линкови

Закана за бомба принуди авион да слета во Истамбул


Авион што летал од Исламабад за Манчестер принудно слетал во Истанбул откако добил закана за поставена бомба.Новинските агенции јавуваат дека авионот заканата ја добил додека летал над Бугарија, по што се вратил назад и слетал на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.Се уште не е познато колку патници имало во авионот што сообраќал од Пакистан за Велика Британија.Пакистанската авиокомпанија соопшти дека откако ја добила заканата за бомба во авионот кој летал за Манчестер следувало и втора закана за бомба во авион кој летал кон Малезија. Вториот авион безбедно слетал во Куала Лумпур и сите 176 патници биле навремено евакуирани.
XS
SM
MD
LG