Достапни линкови

Расмусен: Поделба на Косово не е решение


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен оцени дека поделба на Косово не е решение на проблемот и дека е потребно да се најде оддржливо решение. Тој денеска во Приштина се сретна со косовската претседателка Атифе Јајага. Во соопштението од кабинетот на косовската претседателка е наведно дека за време на средбата Расмусен истакнал дека претставниците на Алијансата биле загрижени поради тенизите во јули во Северно Косово и го поздравил смирувањето на ситуацијата во последниве неколку дена. Расмусен додал дека е од големо значење дијалогот меѓу Белград и Приштина за техничките прашања. Јајага се согласила дека поделбата на Косово не е решение и дека местото на Косово и Србија е во ЕУ.
XS
SM
MD
LG