Достапни линкови

Турција изложена на чести напади од курдските бунтовници


Откажан е традиционалниот прием во туското собрание поради порастот на терористички напади во земјата. Претседателот на парламентот Џемил Чичек побарал приемот планиран за 1 откомври да биде откажан по убиствата на турски војници во најновите напади на Курдската работничка партија. Пред три дена курдски бунтовници отвориле оган врз група турски полицајци, кои играле фудбал во источниот град Тунџели, при што загиначе еден висок офицер и неговата сопруга, а осуммина полицајци се ранети. Во последниве неколку недели загинале десетици турски војници при напади на курдските милитанти.
XS
SM
MD
LG