Достапни линкови

Туркменистан можен нов снабдувач со гас на Украина


Украинскиот министер за енергетика Јуриј Боjко денеска изјави дека руската нова гасоводна мрежа која ќе спроведува гас до Германија ќе има незначителни ефекти на транзитот на гас низ Украина. Русија вчера пробно го пушти во употреба гасоводот кој од октомври ќе ја снабдува со гас Германија. Русија и понатаму спороведува гас до дел од европските земји преку Украина но овие две земји се во несогласување за цената на гасот кој го добива Украина. Бојко изјави дека земјата разгледува опции за да се снабдува со гас од Туркменистан.
XS
SM
MD
LG