Достапни линкови

logo-print

Претпразнична атмосфера


Подготовки за прославата на 20-годишнината од референдумот за независност на Македонија

Подготовки за прославата на 20-годишнината од референдумот за независност на Македонија

Во Собранието оддржана свечена седница по повод Денот на независноста. Во градот привршуваат подготовките пред утрешната прослава.

На Свечената седница во Собранието, претседателот Трајко Вељаноски ја повтори изјавата дека нема поголем повод за јавна манифестација на единство од 8 Септември и ги повика политичките партии да покажат сплотеност. Укажувајќи дека Денот на независноста не го симболизира само чинот на нејзиното стекнување, Вељаноски рече дека секој 8 Септември, Македонија се потсетува на вековните идеали за самостојност и оти можноста да го прославуваме овој ден е плод на македонското движење низ историјата:
Нашите политички разлики мора да исчезнат пред важните државни прашања, единството на сите партии мораме да го афирмираме уште повеќе, граѓаните очекуваат од нас сплотеност и соработка.

„Нашите политички разлики мора да исчезнат пред важните државни прашања, единството на сите партии мораме да го афирмираме уште повеќе, граѓаните очекуваат од нас сплотеност и соработка. Нема поголема причина за единство од Македонија.“
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски повика на единство.
x
Претседателот на Собранието Трајко Велјановски повика на единство

Вељаноски вети дека заложбата за евроатланска иднина, за што Македонија уште од осамостојувањето ја истакна својата желба, мора да биде поддржана и преку соодветни дела и оцени дека само преку заедничка соработка мора да го извлечеме максимумот од она што членството во НАТО и во ЕУ може да и го понудат на државата.

На седницата присуствуваа актулените претставници на владата,
На сила е некако се направено, се е на брзање, уште објектите не се завршени, ќе се отвараат пред време, фасадите што не се довршени.

поранешните претседатели и премиери, како и претставници на верските заедници и на дипломатскиот кор.

Одбележувањето на 20-годишнината од независноста продолжува и вечер со свечена академија во Македонската опера и балет. Низ градот привршуваат подготовките за утрешната прослава. Се поствуваат бини на плоштадот и пред Собранието, вчера пробно беше пуштена фонтаната во состав на споменикот на Александар Македонски, забарзано се работи и во Музејот и на Портата која не е завршена.

Како и пред секој државен празник во Македонија се повторува истата приказна. Повеќе коментари кои потсетуваат на партиски отколку на граѓани кои зборуваат со свои зборови за општата атмосфера:

„Се подгoтвуваат, тоа го гледаме, а како ќе биде понатаму ќе видиме.“



„Еве се движат луѓево по улици, вчера гледам се правеа некои генерални проби, маршови, паради на војска, полиција... На сила е некако се направено, се е на брзање, уште објектите не се завршени, ќе се отвараат пред време, фасадите што не се довршени се покриваат со платна и знамиња... Не знам, некако се ми е исфорсирано.“

„Задоволна сум, се чувствува атмосфера и супер е. Ми се допаѓа градот никогаш не бил поубав.“
Задоволна сум, се чувствува атмосфера и супер е. Ми се допаѓа градот никогаш не бил поубав

Спротивно на владата која тврди дека државната прослава има обединувачки карактер, опозицијата реагираше дека прославата е употребена од владеачаката партија за сопствено и промовирање на партиски проекти каков што е „Скопје 2014“ кој според партијата во изминатиот период внел само поделби меѓу македонскиот народ. ВМРО ДПМНЕ одговори дека во овие празнични денови нема намера да влегува во партиски пресметки. Независноста ќе ја славиме со повеќе манифестации цел месец. Пред 20 години граѓаните на Македонија излегоа на референдум на кој гласаа за самостојна држава.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG