Достапни линкови

Националниот преоден совет бара соработка од Нигер


Либискиот Национален преоден совет итно бара погранична соработка од Нигер за да се спречи можно бегство на Моамер Гадафи од земјата. Претставникот на Советот за надворешни работи Фати Баја денеска изјави дека испратиле делагација во Нигер која ќе разговара со властите во земјата за целосно обезбедување на границите со цел да не им се овозможи на Гадафи и членовите на неговото семејство да ја преминат границата. Пред два дена голем конвој со оклопни возила со војници лојални на режимот ја поминале границата.
XS
SM
MD
LG