Достапни линкови

Франција ја поздрави одлуката на Германија


Франција денеска ја поздрави одлуката на германскиот Уставен суд да не го одбие планот за финансиска помош за проблематичните земји членки во Еврозоната. Францускиот министер за финасии Валери Пекрес изјави дека сега е потребно што е можно побрзо планот да се претвори во закон, а грчката влада треба да да ги спроведе планираните реформи. Во Сенатот во овие два дена ќе се дискутира за францускиот дел во финансиската помош и се очекува Франција да биде првата земја која новите мерки ќе ги стави во законска рамка.
XS
SM
MD
LG