Достапни линкови

Претпразнична атмосфера


Триумфалната капија, односно „Порта Македонија“ не е довршена. Горниот дел е покриен со декоративна церада.
Триумфалната капија, односно „Порта Македонија“ не е довршена. Горниот дел е покриен со декоративна церада.

Генерални проби, интензивна работа за да се довршат спомениците, свечени академии и приеми... полека почнува прославата на Денот на независноста.

Прославата на 20-годишнината од независноста продолжува со свечена седница во Собранието, а вечер ќе има свечена академија во Македонската опера и балет. Собраниска делегација ќе положи цвеќе на гробот на првиот македонски премиер Никола Кљусев и на гробот на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Низ градот привршуваат подготвките за прославата. Се поставуваат бини на плоштадот и пред Собранието, вчера пробно беше пуштена фонтаната во составот на споменикот на Александар Македонски, забразано се работи и во Музејот и на Портата која не е завршена.

Вчера имаше и посебен режим на сообраќај поради што некои улици и булевари беа времено затворени.
Па сите се подготвуваат, ќе видиме како ќе биде.
Граѓанин.
Како и пред секој државен празник во Македонија се повторува истата приказна, повеќе коментари кои потсетуваат на партиски отколку коментари на граѓани кои зборуваат со свои зборови за атмосферата во градот и низ улиците:

„Па сите се подготвуваат, ќе видиме како ќе биде.“
Фонтаната на споменикот на Александар повторно беше пробно пуштена, но се уште е заградена со тараби.
x
Фонтаната на споменикот на Александар повторно беше пробно пуштена, но се уште е заградена со тараби.

„Еве се движат луѓево по улици, вчера гледам се правеа некои генерални проби, маршови, паради на војска, полиција... На сила е некако се направено, се е на брзање, уште објектите не се завршени, ќе се отвараат пред време, фасадите што не се довршени се покриваат со платна и знамиња... Не знам, некако се ми е исфорсирано.“

„Задоволна сум, се чувствува атмосфера и супер е. Ми се допаѓа градот никогаш не бил поубав.“

Претпразничната еуфорија беше видлива вчера кога низ скопските улици за прв пат се провозеа новите 68-двокатни автобуси произведени во
Задоволна сум, се чувствува атмосфера и супер е. Ми се допаѓа градот никогаш не бил поубав.
Граѓанин.

Кина до новоизградениот аеродром „Александар Велики“. Од денеска во новите двокатни автобуси може да се возат сите граѓани. Во автобусите во централниот дел имаше натпис „Среќен роденден татковино“. Премиерската среба што премиерот Никола Груевски денеска ја организира во неговиот кабинет по повод 20 години од независноста со сите претходни премиери Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов и Владо Бучковски има цел да испрати порака на единство. Но, на прагот на празникот, 20 години од независност еден општ впечаток кај сите граѓани е дека политичарите продoлжуваат да се карaат меѓу себе:
Последни украсувања на плоштадот.
x
Последни украсувања на плоштадот.


„Кој како ќе си со сфати тоа, за мене нема политичари.“

„Кој е на власт си ги присвојува празниците, кој е во опозиција се буни дека власта ги присвојува празниците.“

Спротивно на владата која тврди дека државната прослава има обединувачки карактер, опозицијата реагираше дека прославата наместо да биде резултат на договор и содржина која ќе го обедини народот таа е присвоена и употребена од владеачката партија за сопствено и промовирање на партиски проекти каков што е „Скопје 2014“ кој според партијата во изминатиот период внел само поделби меѓу македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ одговори дека во овие празнични денови нема намера да влегува во партиски пресметки. Независнота ќе ја славиме со повеќе манифестации цел месец. Пред 20 години граѓаните на Македонија излегоа на референдум на кој гласаа за самостојна држава.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG