Достапни линкови

Ламбринидис во балканска турнеја ама без Скопје


Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис во разговор со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Атина

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис во разговор со американскиот државен секретар Хилари Клинтон во Атина

Грчкиот министер за надворешни работи Ставрос Ламбринидис денеска е во посета на Белград каде ќе се сретне со српскиот претседател Борис Тадиќ. Ламбринидис во интервју за весникот „Вечерње новости“ изјави дека се надева оти до крајот на годинава Србија ќе добие кандидатски статус за членство во ЕУ и повика на продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина, за кој како што вели , може да помогне во евроинтеграцискиот процес на Србија. Тој додаде дека Грција нема да ја признае независноста на Косово и ги отфрли тврдењата дека постои притисок врз Атина да го направи тоа. Во рамките на балканската турнеја Ламбринидис престојувал во Хрватска, а утре ќе го посети Косово.
XS
SM
MD
LG