Достапни линкови

Во Македонија се одбележува 20-годишнината од независноста


Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи Свечена седница по повод одбележувањето на 20- годишнината од независноста на државата, a во Македонската опера и балет вечер ќе биде одржана Свечена академија. По истиот повод, претседателот на Владата Никола Груевски ќе се сретне со сите поранешни премиери. На средбата ќе присуствуваат Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Хари Костов и Владо Бучковски.
Централната свеченост ќе биде одржана утре во центарот на Скопје. „20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“ е мотото на свеченоста со која ќе бидат одбележани две децении од прогласувањето самостојност.
XS
SM
MD
LG