Достапни линкови

Мнозинството Хрвати се за влез на земјата во ЕУ


Влезот на Хрватска во Европската Унија го поддржуваат 53 насто од граѓаните, а 40 проценти се против, покажа истражувањето што го спроведе агенцијата Ипсос Пулс. Според него, на референдум за ова прашање би излегле 70 насто граѓани, што е повеќе отколку на парламентарни избори. На изјаснувањето за влез на земјата во Унијата не би излегле 28 проценти од Хрватите. Истражувањето покажува дека граѓаните очекуваат од членството во ЕУ значително подобрување на владеењето на правото, заштитата на околината и образованието, а се плашат од пораст на цените, односно од пад на стандардот.
XS
SM
MD
LG