Достапни линкови

Јосиповиќ незадоволен од пресудата за Перишиќ


Иво Јосиповиќ

Иво Јосиповиќ

Секоја казна е мала за злосторствата како оние за кои генерал Перишиќ е прогласен за виновен, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, коментирајќи ја хашката пресуда за поранешниот началник на генералштабот на Војската на Југославија Момчило Перишиќ. Тој изрази жалење што со пресудата не се опфатени и некои други кривични дела, злосторства против Хрватска и нејзините граѓани, додавајќи оти се ќе се најде во жалбената постапка.
Хашкиот Трибунал вчера го осуди генерал Перишиќ на 27 години затвор за помагање и поддржување на злосторствата над Муслиманите во БиХ и над Хрватите во Хрватска во периодот од 1993-95 година.
XS
SM
MD
LG