Достапни линкови

Ибрахим: Гадафи е во Либија и е безбеден


Муса Ибрахим

Муса Ибрахим

Моамер Гадафи се наоѓа во Либија и е безбеден и се чувствува добро, изјави неговиот портпарол Муса Ибрахим во телефонскиот разговор за Ројтерс, коментирајќи ги информациите дека конвој од либиски возила влегол во Нигер. Претходно, портпаролот на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон не верува оти Гадафи бил во тој конвој, додавајќи оти во него се наоѓале високи претставници на режимот.
Шефот на дипломатијата на Нигер демантира дека либиски конвој стигнал во неговата земја, додека претставник на Преодниот национален совет на Либија изјави дека околу 200 возила влегле во Нигер и оти станува збор за тип на конвои какви што обично користи Гадафи или некој од неговите синови.
XS
SM
MD
LG