Достапни линкови

Палестинците не се откажуваат од барањето признавање


Махмуд Абас

Махмуд Абас

Палестинските власти соопштија дека нема да подлегнат на притисоците од САД за да се откажат од намерата да побараат признавање на палестинска држава на Генералното собрание на ОН. Советникот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, Јасер Абед Рабо изјави дека Вашингтон не може да го смени ставот на Палестинците. Одиме во ОН, без оглед на критиките и притисоците, истакна Рабо.
Инаку, за денеска е најавена средба на Абас со пратениците на Белата Куќа Дејвид Хејл и Денис Рос, кои вчера допатуваа на Блискиот исток на разговори со израелски и палестински претставници.
XS
SM
MD
LG