Достапни линкови

Русија ги соопшти сопствениците на акциите во Јужниот Тек


Русија денеска соопшти дека француската енергетска компнанија „СДФ“ и германскиот петрохемиски гигант „БАСФ“ ќе добијат по 15 отсто од акциите во гасоводната мрежа Јужен Тек, проект на руската Газпром.Шефот на Гаспром Алексеј Милер изјави дека 20 отсто од акциите поседува италијанската ЕНИ, а 50 отсто од сопственоста е на Газпром.
Се очекува до 2015 година да биде готова мрежата низ која ќе доставува гас под Црното море до Бугарија и останатите источноевропски земји.
XS
SM
MD
LG