Достапни линкови

Франција не стравува од нова рецесија


 Средба на претседателот Никола Саркози со министрите од економскиот сектор

Средба на претседателот Никола Саркози со министрите од економскиот сектор

Францускиот министер за финасии Франсоа Бароан денеска изјави дека Франција не е во опасност да западне во нова рецесија. Во францускиот парламент денеска се оддржува дебата за францускиот план за спас на Грција. Според планот француската влада за да може да плати за новата грчка помош, треба да намали на трошоците и да ги зголеми давачките за да собере 11 милијарди евра. Бароан изјави дека мерките за штедење имаат за цел стабилизација на еврото.
Пакетот за штедење содржи укинување на бенефициите кои ги имале до сега некои француски компании и зголемување на данокот за побогатите даночни обврзници.
XS
SM
MD
LG