Достапни линкови

Српските учениците на протест против укинување на паралелните институции во Косово


Косово

Косово

Околу 1500 средношколци и основци од училиштата во косовска Митровица денеска излегле на протестен марш . Учениците и наставниците протестирале против барањето да се укинат српските институции во Косово. Тие со транспаренти на кои пишувало дека „ не го даваме Косово“ стигнале до мостот кој што ја дели Митровица на српски и косовски дел, јавува новинската агенција Бета. Протестите на учениците добиле поддршка и од управата во министерството за образование на Србија која бара децата да останат во образовниот систем на Србија. Слични протести денеска се оддржале и во Зубин Поток и уште неколку други места во северно Косово.
XS
SM
MD
LG