Достапни линкови

Меркел: Грција не може да се исфрли од еврозоната


Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли повиците за исфрлање на Грција од еврозоната. Таа изјави дека таков потег ниту е оствaрлив ниту е законски, и додаде дека доколку се случи такво нешто ќе следува домино ефект кој ќе биде опасен за монетарниот систем. Меркел истакна дека сега е најважно Грција да ги исполни ветувањата за да добие спасувачки заем. Денеска во Берлин ќе се одржи состанок на министрите за финансии на Германија, Холандија и Финска, кои ќе разговараат за проблемите со финансиската помош за Грција. Меркел утре во Будестаг ќе ја брани владината програма за излез на еврозоната од финансиската криза.
XS
SM
MD
LG