Достапни линкови

Вооружен напад во Ирак, 8 војници загинале


Најмалку 8 ирачки војници загинале при напад од заседа , јавуваат новинските агенции. Војниците биле нападнати во Хадита место кое се наоѓа на 190 километри северозападно од Багдад. Напаѓачот со автоматско оружје отворил оган врз возилото, а откако ги убил сите го запалил и возилото, соопштија локалните власти. Ирачките војници и полицајци се честа мета на милитанти во пресрет на исполнувањето на договорот со кој американската војска треба да се повлече од земјата до крајот на годинава. Во изминавата година загинале 588 ирачки полицајци и 418 војници од кои само во август загинале 90-тина припадници на безбедносните сили.
XS
SM
MD
LG