Достапни линкови

ЕУ го осуди однесувањето на Иран кон регилиозното малцинство


Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон денеска го осуди прогонството на Бахаи заедницата во Иран. Таа изрази сериозна загриженост за последните апсења и затварање на едукативниот центар на Бахаи заедницата. Ештон го повика Иран да се воздржи од сите видови на дискриминација против религиозните малцинства. Во мај годинава беа приведени 14 професори од едукативниот центар а иранската влада смета дека Бахаи не е е религија туку политичка организација и одбива да ја признае заедницата како религиозно малцинство.
XS
SM
MD
LG