Достапни линкови

Воини на кош


Macedonia- celebration on the square "Macedonia" for the basketball team's victory over Greece

Macedonia- celebration on the square "Macedonia" for the basketball team's victory over Greece

Успесите на кошаркарите деновиве, најдобар подарок за граѓаните за 20 години независност. Ќе придонесат ли за обединување, намалување на зависта меѓу политичарите и зависноста од политиката?

„Ова е најдоброто нешто што и се случило на Македонија. Каков Илинден, каков 8 Септември.“

„Мекејлеб е Воинот на кош.“
За нашите сме. Каде и да сме, Македонија во се, не само во кошарка!

„На 8-ми Септември ќе се слават: 20 години зависност од политичари, 20 години завист меѓу политичари и една победа над Грузија.“

„Издадена е потерница по Војдан Стојановски поради крадење топки. Се очекува да го повтори делото.“

„Во истовреме победивме клети соседи, но и двократен европски првак.“

„За прв пат во историјата сме први во некаква група, ако се изземе онаа по бројот на невработени, напред Македонија!!!“
„Македонија ја призна Грција под уставното име - Поранешна кошаркарска суперсила Грција (ПКСГ)“

„Ладен бран на Балканот: во Грчка -14, во Босна -12, Хрватска -2., Финците мање-више, навиканти се на минус :)“

„Сега барем има кој да пројде под Триумфалната капија.“

„Рамковен договор 75 - Дејтонски договор 63.“

Ова се само дел од реакциите на Фејсбук и на Твитер по неколкуте победи на македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство што се одржува во Литванија.
Ние можеме да победуваме во спортот, многу да победуваме, да речеме имаме силна репрезентација да стигне прва во светот, но тоа не е значајно за другите области.

Тоа што не можеше политиката го направи кошарката. Патриоти и предавници, антички и словенски Македонци, властодршци и опозиционери, сите зедно сплотени деновиве навиваат за македонските кошаркари. По дома или со друштво во кафуле, секој натпревар се следи будно и се навива бучно.
„За нашите. Каде и да сме за нашите сме. Македонија во се, не само во кошарката.“

РСЕ: Какво е чувството да гледате кога македонската репрезентација победува?


„Па различно. Возбудливо во секој случај, нервози, навивање, радување.“

„Сега очекувам во новите групи уште поинтересно да биде.“

Моменталната победа ослободува една вишок на енегрија што постои и има еден краток ефект на обединување. Но, за еден подолгорочен период, да се рече дека спортот, во случајот кошарката дека ќе не обединува, е малку претерано да се каже, вели социологот Илија Ацески.

„Ние можеме да победуваме во спортот, многу да победуваме, да речеме имаме силна репрезентација да стигне прва во светот, но тоа не е значајно за другите области.“

Нам ни требаат поголеми победи, додава Ацески.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG