Достапни линкови

logo-print

Педесетгодишнина на Движењето на неврзаните


Заедничка слика на делегациите на Движењето на неврзаните на конференцијата во Белград

Заедничка слика на делегациите на Движењето на неврзаните на конференцијата во Белград

Во Белград вчера почна дводневната конференција по повод 50-годишнината од првиот состанок на Движењето на неврзаните. На неа учествуваат делегации на повеќе од 100 земји. Меѓу нив се и претставници на земјите кои настанаа по распаѓањето на Југославија, иако тие, како и Србија не се членки на Движењето, туку само посматрачи.

Отворајќи ја конференцијата, во истата зграда на некогашното Собрание на Југославија каде што пред 50 години се одржа првиот собир на неврзаните, српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека присуството на толкав број делегации не е одраз на носталгија, туку трајно наследство кое Движењето му го остави на светот.
Тоа што овој дел од светот некогаш беше во Движењето на неврзаните, а денес е на патот на европските интеграции, не ја менува потребата да се имаат пријателски односи и соработка со тоа Движење, и со тие земји.

„Она што не смееме да го заборавиме е дека светот драматично се промени од 1961 кога беше усвоена Белградската декларација. Движењето на неврзаните се заснова врз безвременски принципи и неговите татковци бараа нови односи кои ќе ги почитуваат територијалниот интегритет и суверенитетот и ќе го чуваат мирот.“

Од времето пред 50 години, кога претседателот на Југославија Јосип Броз Тито, индискиот премиер Џавахарлал Нехру и египетскиот претседател Гамал Абдел Насер решија, наспроти блоковската поделба, да го организираат неврзаното движење, светот е сосема поинаков, па и улогата на неврзаните е сведена претежно на меѓусебна економска соработка.

Тоа особено се случува по паѓањето на Берлинскиот ѕид по што исчезна потребата од своевидна тампон зона меѓу Истокот и Западот.

Сепак, неврзаните земји, како што вели Будимир Лончар, последниот шеф на југословенската дипломатија и специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации во Движењето, имаат значајно влијание.



„Тоа што овој дел од светот некогаш беше во Движењето на неврзаните, а денес е на патот на европските интеграции, не ја менува потребата да се имаат пријателски односи и соработка со тоа Движење, и со тие земји.“
Движењето на неврзаните се заснова врз безвременски принципи и неговите татковци бараа нови односи кои ќе ги почитуваат територијалниот интегритет и суверенитетот и ќе го чуваат мирот.

Со мислењето на Лончар се согласуваат и другите делегации од просторите на поранешна Југославија. Меѓу нив и државниот секретар во хрватското министерство за надворешни работи, Марио Нобило.

„Мислам дека е добро да имаме еден комеморативен собир, бидејќи тоа беше дел од заедничката историја, заедничкото наследство. Освен тоа, ни дава можност да ги користиме и тие канали за лобирање за нашите одделни и регионални интереси.“
Будимир Лончар

Србија, домаќинот на овој собир, според некои тамошни аналитичари, има и други очекувања, особено во врска со намерата на српската дипломатија да го спречи процесот на признавање на независноста на Косово, како и неговото зачленување во Обединетите нации.

Имено, идејата за одржување на свечената јубилејна конференција на неврзаните во Белград се поврзува со интенцијата да се создаде впечаток дека Србија има широка поддршка за таквата нејзина политика.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG