Достапни линкови

Силите на Гадафи бегаат во Нигер


Либиски бунтовник седи во приватниот авион на Гадафи на меѓународниот аеродром во Триполи на 28 август 2011 година.

Либиски бунтовник седи во приватниот авион на Гадафи на меѓународниот аеродром во Триполи на 28 август 2011 година.

Западните новински агенции известуваат дека конвој од оклопни возила со војници лојални на соборениот либиски лидер Моамер Гадафи влегол во соседен Нигер. Конвојот бил придружуван од нигерската војска.

Се уште не е познато каде е 69-годишниот Гадафи. Не се проверени информациите од либиските бунтовници дека соборениот лидер е во едно од неговите последни упоришта, Бани Вали, на 140 километри југоисточно од Триполи.

ОН соопштија дека ќе му помогнат на Либискиот национален преоден совет да спроведе први слободни избори по децении под Гадафи.
XS
SM
MD
LG