Достапни линкови

Иранските власти затворија два весници


Неделникот Шахрванд-е Емруз.

Неделникот Шахрванд-е Емруз.

Иранските власти затворија два весници откако објавија критички написи за претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Официјалната новинска агенција Ирна објави дека реформистичкиот неделник Шахрванд-е Емруз е затворен поради кршење на законите за печат. Дневниот весник Рузегар е привремено затворен поради „објавување пропаганда“. Овие два весника и порано биле затворани.

Од 2000 година, иранските власти затворија повеќе од 100 изданија обвинувајќи ги дека се „пиони на Западот“.

Весниците се затвораат во пресрет на паралментарните избори во март. Минатата недела, врховниот лидер, ајатолахот Али Камнеи оцени дека мартовските избори се потенцијален ризик за безбедноста на земјата и повика на национално единство.

По оспорувањето на изборните резултати во 2009, Иран го зафати бран од неколкунеделни крвави протести.
XS
SM
MD
LG