Достапни линкови

Пожари беснеат во Тексас


Големиот шумски пожар на југот на американската сојузна држава Тексас уништи речиси 500 куќи. Најмалку 5 илјади луѓе ги напуштиле своите домови. Нема информации за повредени. Пожарот се шири брзо поради силниот ветар. Во Централен Тексас нема паднато дожд неколку недели. Проценките се дека од декември пожарите во Тексас зафатиле површина од 1,4 милиони хектари.
XS
SM
MD
LG