Достапни линкови

logo-print

Опозицијата обвинува за затворање критички медиуми, власта одговара - не постои гушење на медиуми во ера на интернет - Собраниска расправа за медиумите.

Власта затвора критички медиуми и со тоа ја гуши слободата на говор; Македонија има речиси 200 медиуми, а власта овозможи огромна пенетрација на интернет, па не може да се зборува за гушење на медиумите. Ова се клучните аргументи на опозицијата и на владејачкото мнозинство на вториот ден од собраниската расправа за состојбата на медиумите, што почна во петокот на предлог од опозицијата.
Актуелната политичка гарнитура во државата прави се да ја стави под апсолутна контрола секоја слободна мисла и секое мислење кое е спротивно на нејзиното

Затворањето на А1 телевизија и весниците Шпиц, Време и **** е ре повторно беа во фокусот на пратениците од опозицијата. Критикуваат и дека власта го партизира јавниот сервис и дека со парите од владините реклами ја купува наклонетоста на медиумите.

Пратениците од власта потсетуваат дека и во изминативе 20 години, и во време додека СДСМ биле на власт, се затворале медиуми од економски причини.
Затворањето на А1 повторно во фокусот на собраниската расправа.
x
Затворањето на А1 повторно во фокусот на собраниската расправа.


На почетокот на денешната расправа, власта најжестоко ја нападнаа токму поранешните новинари на А1, а сега опозициски пратеници, Сафет Бишевац и Ленче Николовска.

„Актуелната политичка гарнитура во државата прави се да ја стави под апсолутна контрола секоја слободна мисла и секое мислење кое е спротивно на нејзиното. Ако ја немаше А1, господ знае што ќе се случеше со случајот на Мартин Нешкоски, ако ја немаше А1 немаше да дознаеме за кршењето на законот од страна на државата за случајот Љубе Бошкоски, ако ја немаше А1 немаше да ја знаете вистинската ситуација за случајот „Перо Наков бб“. Секогаш, без оглед на тоа кој е на власт, ќе треба коректив. Тоа досега беше А1, во овој момент немате таков коректив“, вели Бишевац.
Во Македонија постојат и илјадници блогови, во Македонија постојат околу 600-700 илјади корисници на Фејсбук каде што исто така имаме голем број на дискусии за секој вид на настани вклучувајќи ги и политичките.

Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ вели дека власта не затвора медиуми туку фирми што не плаќаат данок. Не може да се зборува за гушење на медиумите во ерата на интернет. Повеќе од 60 отсто од населението, а околу 80 отсто од граѓаните меѓу 10 и 80 години имаат интернет. Во Македонија има повеќе од 100 информативни портали, вели Ѓорчев.

„Во Македонија постојат и илјадници блогови, во Македонија постојат околу 600-700 илјади корисници на Фејсбук каде што исто така имаме голем број на дискусии за секој вид на настани вклучувајќи ги и политичките. Така што, живеејќи во едно вакво информатичко општество тоа дополнително ја зголемува информираноста на граѓаните.“
Пратеничката Ленче Николовска, пак, освен по ВМРО-ДПМНЕ, „распали“ и по ДУИ. Таа ги потсети пратениците од оваа партија дека носеа беџови со логото на А1 и зборуваа дека секој треба да одговара пред законот, но оти медиумот треба да се остави да работи.

„Сега откако згасна А1 ме навредува лицемерието на вашата партија. Со каква елегантност сакате да се амнестирате од оваа неправда?! Историјта, за жал, во одјавната шпица ќе запише дека првата приватна, независна и најгледана телевизија ја затворија ДПМНЕ и ДУИ.“

Во одбрана на владејачкото мнозинство застана пратеничката Сузана Салиу од ДУИ. Постојано згаснуваат медиуми, но се отвораат нови, вели таа.

„Во една мала Македонија од два милиони жители, постојат над 150 електронски медиуми. Во ваков случај никој нема да ви верува дека во Македонија се врши медиумска диктатура.“

Пратениците од опозицијата реагираат дека њуз-порталите не може да бидат замена за телевизиите и весниците и нагласуваат дека власта ја затвори најгледаната телевизија.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG