Достапни линкови

Иран бара укинување на санкциите


Иран им понудил на Обединетите Нации „целосна супервизија “ врз нуклеарната програма во наредните 5 години доколку во замена ги укинат санкциите.Ова денеска го изјави шефот на иранската нулеарна програма Ферејдон Абасо Давани за државната новинска агенција ИСНА. Тој не објасни нити кога Иран го и предложил ова на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, нуту што се подразбира под терминот „ целосна супревизија“. Во реакцијата на Европската Унија се вели дека Исламската Република треба прво да ја возобнови довербата пред да се донесе одлука за укинување на санкциите. Во неодамнешниот извештај на меѓународната агенција за нуклеарна програма е наведно дека „ се повеќе се загрижени за постоење на активности поврзани со производство на нуклеарно оружје.“ Давани овој извештај го нарече „фабрикуван“
XS
SM
MD
LG