Достапни линкови

Мисијата на НАТО во Либија е при крај


Генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен денеска изјави дека мисијата на алијансата во Либија е при самиот крај. Тој додаде дека работата не е завршена, но се блиску до успехот затоа што либискиот народ сега ја презема иднината во свои раце. Расмусен изјави дека Северноатлантскиот совет наскоро ќе донесе одлука кога ќе завршаи операцијата. Во меѓувреме шефот на привременaтa влада во Либија Мустафа Абдул Џалил изјави дека два сина на Моамер Гадафи го напуштиле градот Бени Валид, едно од последните упоришта на поддржувачите на Гадафи.
XS
SM
MD
LG