Достапни линкови

Уапсен е шефот на разузнавачкиот сектор во турската армија


Началникот на разузнавањето на Генералштабот на турската армија, генерал Исмаил Хака Пекин денеска е уапсен во врска со наводна кампања за дискредитирање на Владата.Генералот Пекин, кој е меѓу 14 осомничени за кои има издадено наредба за апсење во врска со овој случај, денеска бил изнесен пред суд во Истанбул. Судот донел одлука генералот да остане во притвор под обвинение дека учествува во раководството на терористичка организација,и во обид за соборување на Владата.Пекин во изјавата што ја дал пред судот ги демантирал наводите тврдејќи дека во последниве 40 години ниту еднаш не ја оцрнил униформа.
XS
SM
MD
LG