Достапни линкови

logo-print

ЕУ нема да го увезе спорот за името


Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.

Премиерот Никола Груевски и еврокомесарот Штефан Филе.

Еврокомесарот Штефан Филе, по средбата со премиерот Груевски, изрази оптимизам дека до крајот на годината ќе се реши проблемот за името.

Дозволете ми да сум оптимист и да се надевам дека спорот за името со Грција може да се реши, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе по средбата со премиерот Никола Груевски во Скопје. Филе побара од премиерот да работи на решавање на спорот. Еврокомесарот е оптимист дека до крајот на годинава ќе се реши големиот проблем. Таквото чуство тој го темели на довербата меѓу премиерите Груевски и Папандреу и нивната посветеност за решавање на овој сложен проблем. Решението, според Филе, ќе биде добро за земјата, за луѓето и за бизнисот.
ЕУ нема да да го увезе спорот за името. Ако нема решение, земјата ризикува да заостане.

„Има важна динамика во регионот токму сега. Хрватска финишира со процесот за влез во ЕУ, другите земји прават чекори напред. Вашата земја заслужува да биде дел од таа позитивна слика. Како и да е, ЕУ нема да да го увезе спорот за името. Ако нема решение, земјата ризикува да заостане“, изјави еврокомесарот Штефан Филе.
Премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
x
Премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.


За тоа дали решавањето на проблемот со името ќе значи и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, Филе вели дека треба да се почека извештајот што ќе биде објавен на 12 октомври за да се види дали земјата повторно како 2009 и 2010 ќе добие препорака за почеток на преговорите.
Со цел изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое нема да наштети на националната, јазичната и културната самоидентификација, ниту на македонскиот народ, ниту на грчкиот народ.

За време на својата посета на Македонија, Филе учествува на конферанција посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор. Според Филе политичарите треба да го искористат примерот со Рамковниот договор кога пред 10 години беше постигнат консензус и лидерите да ги надминат разликите и да изнајдат компромиси за иднината на земјата.

Премиерот Груевски, по разговорот со Филе, изјави дека прашањето за името е прашање на кое македонската влада останува да биде високо фокусирана.

„Со цел изнаоѓање на взаемно прифатливо решение кое нема да наштети на националната, јазичната и културната самоидентификација, ниту на македонскиот народ, ниту на грчкиот народ.“

Премиерот очекува на 12 октомври Македонија да добие објективен извештај од Европската комисија за напредокот на земјава. Европската унија треба да продолжи да работи на процесот на проширување, затоа што таквата посветеноста никогаш не била поважна за Балканот, рече Груевски.

Еврокомесарот Филе нотираше негативни трендови во неколку области како судство, администрација и медиуми и порача тие негативности да се корегираат.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG