Достапни линкови

Внуците на Бакиев во притвор


Еден од внуците на Бакиев е веќе осуден на 10 годишна затворска казна за вмешаност во апсењата во гардот Џалал Абад во мај

Еден од внуците на Бакиев е веќе осуден на 10 годишна затворска казна за вмешаност во апсењата во гардот Џалал Абад во мај

Внуците на поранешниот киргистански претседател Курманбек Бакиев биле задржани на казахстанско-киргистанската граница. Киргистанскиот државен комитет за национална безбедност соопшти дека малолетниот Нурсултан Бакиев е ослободен и предаден на роднините додека 23- годишниот Асулбек Салиев останува во притвор. Нивниот татко е Јаниш Бакиев поранешен висок функционер во безбедносните служби во времето кога неговиот брат беше претседател. По Јаниш Бакиев е распишана потерница поради обвинение за убиства извршени во април 2010 година, за време на немирите со кои е симнат од власт неговиот брат.
XS
SM
MD
LG