Достапни линкови

logo-print

Судски спор против екс-премиерот на Словенија поради корупциски скандал


Поранешниот премиер на Словенија Јанез Јанша

Поранешниот премиер на Словенија Јанез Јанша

Денеска во Словенија почна судењето против поранешниот премиер Јанез Јанша и уште четворица други, обвинети за земање поткуп од финска компанија за оружје која требала да обезбеди оклопни возила за словенечката војска. Според обвинението Јанша заедно со другите 4-ца кои седат во обвинителната клупа со него, земале 2,85 милиони долари мито од финската фирма за таа да победи на тендерот во 2006-та година. Воениот тендерот бил во вредност од 396 милиони долари. Јанша ги негираше обвинувањата и пред почетокот на судењето изјави дека тое е „судска фарса“. Тој тврди дека сускиот спор кој се води против него во Љубљана е политички мотивиран. Јанша е шеф на опозициската партија Словенечка демократска партија и до 2008-мата година беше премиер на Словенија.
XS
SM
MD
LG