Достапни линкови

logo-print

Филе:Очекува решение на спорот со името до крајот на годинава


Еврокомесарот за проширувaње Штефан Филе очекува до крајот на годинава да биде решен проблемот со името меѓу Грција и Македонија. Toj по средбата со премиерот Никола Груесвки во Скопје изјави дека својот оптимизам го темели на довербата меѓу премиерите Груевски и Папандреу и како што вели, на нивната посветеност за решавање на овој сложен проблем. Филе додава дека до него вчера пристигнале две писма за состојбата на медиумите во земјава од кои првото е од група интелектуалци а второто од 17 невладини организации. Груевски средбата со Филе ја оценил како отворен и конструктивна и изјавил дека на 12 октомври очекува објективен извештај од Европската комисија за напредокот на земјава.
XS
SM
MD
LG