Достапни линкови

Украинци уапсени во Либија


Украина денеска соопшти дека либиските бунтовници кои сега се на власт уапсиле 19 Украинци кои биле осомничени дека се дел од снајперистите- платеници за режимот на Моамер Гадафи.Украинското министертво за надворешни работи соопшти дека украинската амбасада во Триполи е во контакт со локалните власти. Украинците кои се притворени во Триполи ги негираат наводите кои беа објавени од руска телевизија. Тие тврдат дека пред немирите во Либија биле работници во енергетскиот сектор.
XS
SM
MD
LG