Достапни линкови

Филе во „посебна“ посета на Македонија


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе се среќава со вицепремиерите Теута Арифи и Муса Џафери, како и со премиерот Никола Груевски.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе се среќава со вицепремиерите Теута Арифи и Муса Џафери, како и со премиерот Никола Груевски.

Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, е оптимист и очекува до крајот на годинава да биде решен спорот за името меѓу Грција и Македонија.

„Решението ќе биде добро за земјата, за луѓето и за бизнисот. Вашата земја заслужува да биде дел од позитивната слика“, рече еврокомесарот на денешната прес-конференција со премиерот Никола Груевски во Скопје.
Решението ќе биде добро за земјата, за луѓето и за бизнисот. Вашата земја заслужува да биде дел од позитивната слика.

Оптимист сум, нагласи, дека до крајот на годинава ќе се реши големиот проблем. Такво чувство ми дава довербата меѓу премиерите Груевски и Папандреу и нивната посветеност за решавање на овој сложен проблем. Ги охрабрувам да дејствуваат и да работат што е можно повеќе за што поскоро да се реши името, рече Филе.
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи се среќава со евркомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.
x
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи се среќава со евркомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.

Прашан дали решавањето на проблемот за името ќе значи и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, еврокомесарот рече дека треба да се почека извештајот што ќе биде објавен на 12 октомври за да се види дали земјата повторно како 2009 и 2010 ќе добие препорака за почеток на преговорите.

Тој како многу важни во разговорите со премиерот ги истакнал реформата на Судскиот совет и состојбата во медиумите и кажа дека вчера до него дошле две писма за состојбата со медиумите во Македонија. Едното од нив било пратено од група интелектуалци, а другото од 17 невладини организации.
Двете писма се важни и се однесуваат на предизвиците со кои се соочуваат медиумите, но секој од нив од различен агол ги гледа.

„Двете писма се важни и се однесуваат на предизвиците со кои се соочуваат медиумите, но секој од нив од различен агол ги гледа“, рече Филе, и додаде дека слободата на медиумите е многу важна.

Премиерот Груевски, разговорите со еврокомесарот за проширување ги оцени како отворени, пријателски и конструктивни. Тој нагласи дека очекува на 12 октомври да добие објективен извештај од Европската комисија за напредокот на земјава и додаде дека Комисијата треба да остане фокусирана на Балканот и да работи на проширување со земјите од регионот врз основа на нивните заслуги.
Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, се среќава со евркомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.
x
Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор, Муса Џафери, се среќава со евркомесарот за проширување Штефан Филе во Скопје.

Премиерот посочи дека на средбата повторил дека Македонија останува со проактивен и конструктивен однос кон прашањето за разликите околу името со Грција под покровителство на Обединетите нации за да се добие заемно прифатливо решение кое нема да задира во достоинството ниту на грчкиот ниту на македонскиот народ.

Груевски рече дека и новата Влада ќе остане посветена на работата за достигнување на европските стандарди, но не заради ЕУ, туку и заради подобрување на стандардот на македонските граѓани.
Македонија останува со проактивен и конструктивен однос кон прашањето за разликите околу името со Грција под покровителство на ОН за да се добие заемно прифатливо решение кое нема да задира во достоинството ниту на грчкиот ниту на македонскиот народ.

Филе, кој е во посета на Македонија, прво оствари средби со вицепремиерите за евроинтеграции и за спроведување на Рамковниот договор, Теута Арифи и Муса Џафери. Потоа еврокомесарот се сретна со Груевски.

Филе, во денешното интервју за „Нова Македонија“, вели дека неговата посета не е рутинска, туку е во посебно време. Тој вели дека сега има услови за договор за името, и дека тие услови се подобри отколку што ќе бидат кога и да е. Филе ја охрабрува Владата да остане посветена на разговорите со Грција и во процесот на преговори во рамки на ОН и преку дирекни средби на премиерско ниво.

Посетата на Филе е во пресрет на објавувањето на годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, што се затвора денеска. Во интервјуто за „Нова Македонија“, Филе вели дека Извештајот за прогресот во земјата не е како испит. Тој е повеќе како огледало и покажува што правела земјата. Филе вели дека досега ЕУ собирала податоци од различни извори за тоа што се случува во земјата.
Архива: Премиерот Никола Груевски на средба со еврокоместарот за проширување Штефан Филе во Брисел на 24 март 2011 година.
x
Архива: Премиерот Никола Груевски на средба со еврокоместарот за проширување Штефан Филе во Брисел на 24 март 2011 година.

Според најавите, Филе попладнево треба да учествува и на конференција посветена на 10-годишнината од Рамковниот договор.

Посредникот на ОН во грчко-македонските преговори за името Метју Нимиц во вчерашното интервју за грчкиот весник „Катемерини “ изјави дека во изминатите 20 години имало моменти кога или кај Атина или кај Скопје имало волја и флексибилност за прифаќање компромис, но никогаш во исто време.

Тој изјави дека засега не планира да излезе со нов предлог, се додека, како што вели, не се добијат гаранции од двете страни дека има сериозен интерес за таков чекор, односно сериозна шанса да биде прифатен како основа за преговори. Нимиц додава дека досега на маса биле ставени многу идеи кои заслужуваат да бидат разгледани преку дијалогот што се води во ОН или билатерално.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG