Достапни линкови

Самарас: Предвремени избори во Грција се неопходни


Андонис Самарас во грчкиот парламент

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија, Нова Демократија, Андонис Самараs изјави дека предвремените избори во Грција се неизбежни и дека е изгубена контролата над дефицитот и долгот.
Во интервју за „Елефтерос типос“, Самарас изјави дека неисполнетите обврски на Владата се зголемуваат секој ден, бидејќи нејзината политика е неуспешна, како и дека владината програма е погрешна.
Самарас побара и намалување на даноците, што, според него, ќе ги зголеми приходите на државата кои постојано се намалуваат поради високото оданочување и рецесијата.
Редовниот термин за парламентарни избори во Грција е октомври 2013 година.
XS
SM
MD
LG