Достапни линкови

logo-print

Шацимаракис во Скопје на средба со колегата Хасипи


Копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија и Европска унија Кенан Хасипи денеска во македонското Собрание ќе се сретне со германскиот европратеник Јорго Шацимаркакис.
Посетата се реализира на маргините на конференцијата „Децентрализацијата и мулти-кулурализмот во Македонија“ по повод одбележувањето на 20-годишнината од независноста на Република Македонија и 10-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.
Средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, е на барање на Шацимаркакис, по изборот на новиот состав на македонското Собрание и назначувањето на Кенан Хасипи за ко-претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет - Република Македонија и Европската унија.
Целта на посетата е поблиско запознавање на двајцата ко-претседавачи и е во функција на размена на мислења за досегашните активности на ова значајно тело во процесот на европските интеграции на Република Македонија и активностите на овој комитет во наредниот период.
XS
SM
MD
LG