Достапни линкови

logo-print

Израелска владина делегација во посета на Македонија


Министерот за земјоделство Љупчо Димовски

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски

Министерот за земјоделсво, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска и утре е домаќин на израелска делегација предводена од Орит Нокед, министер за земјоделство и рурален развој на Израел.
Во составот на израелската делегација се и Јицак Бен-Давид - заменик генерален директор за надворешна трговија, Даниел Вернер - директор на Центарот за меѓународна земјоделска развојна соработка.
Покрај билатералните разговори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за денеска се предвидени средби и на Факултетот за Земјоделски науки и храна во Скопје.
За време на престојот израелската делегација ќе ги посети и Кавадарци и Охрид
XS
SM
MD
LG