Достапни линкови

ОН со предлози за новата либиска влада


Обединетите Нации соопштија дека трговијата со оружје во Либија е сериозен проблем и дека новата привремена влада треба што поскоро да го почне изборниот процес, ако сака државата да продолжи со изградбата на демократска земја. Специјалниот претставник на ОН во Либија, Иан Мартин изјави дека во ваква ситуација кога има многу луѓе со оружје кои учетсвуваа во конфликтот потребно е да се воведе јавна безбедносна служба и соодветна државна армија каква што немаше Либија во минатото. Тој додаде дека Националниот преоден совет има обврска да продолжи да чекори по патот на демократијата и дека ОН ќе му помогнат да остане на патот.
XS
SM
MD
LG